Пожар на излезот на Тетово – итните служби на терен, се шири отровен чад

0
721

Непознати лица денеска предизвикаа пожар на излезот од Тетово, запалувајќи отад кој го фрлиле во полошките полиња.

Станува збор за пластични материјали и големи количини на стиропор, чиј чад е многу отровен. Жителите ги алармираа пожарникарските служби кои веднаш излегле на терен за да справат со пожарот. СВР Тетово трага по лицата кои го подметнале пожарот. Од друга страна, тетовската пожарникарска единица врши дежурство, за да не се прошири пожарот, бидејќи според командантот на противпожарната единица, чадот кој се шири е многу отровен.

-Од страна на полицијата добивме повик за пожар, но со нашето доаѓање на лице место со две возила, со цел што побргу да го изгасиме и токму тоа го сторивме и не дозволивме пламенот од пожарот да се шири повеќе. Ова е дело на некое неодговорно лице, бидејќи се гледа дека станува збор за материјал кој лесно се запалува и ги вознемирува граѓаните на Тетово. – изјави Али Ука, Командант на тетовската против пожарната единица.

Коментирај