Повторно паднал „Блок 3“ во РЕК Битола: Штета од над 200.000 евра

0
445

Повторно се случи дефект во РЕК Битола, паднал блок за производство на струја во електраната – објави порталот „Економски Лидер“ повикувајќи се на извор во компанијата.

Како што тврди нашиот извор, синоќа нешто по полноќ паднал „БЛОК 3“ поради невнимание на ангажираните.

-Се работи за невнимание и неодговорност на поставените при надгледување на параметрите и показателите при функционирањето на блокот. Се трудат уште денес да го стават во функција, но, се јавува некаков проблем во вентилската поставка и ќе видиме кога ќе успеат да го стартуваат. – вели нашиот извор, кој сака да остане анонимен.

Ова е само еден од неколкуте случаи со испаднат блок годинава, кој се случува, а од компанијата не ја информираат јавноста.

Инаку, штетата предизвикана од едно испаѓање од употреба на блок во РЕК Битола, експертите ја проценуваат на преку 200.000 евра. Со тоа што, како што тврдат, секој ден неработење на блокот кој е во дефект, ја чини државата по уште толку.

Извор: Лидер.мк

Коментирај