Повредени мајка и дете, во нив удрил автомобил

0
540

Патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(52) од село Огњанци, скопско, вчера во 17:20 часот на регионалниот пат Скопје – Велес, кај село Трубарево, удрило во пешакот С.В.(34) од Скопје и нејзината малолетна ќерка.

Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а девојчето се здобило со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.

Коментирај