Повредени две девојки – „Фиат пунто“ се превртело во нива

0
294

Две 16-годишни девојки се повредени вчера откако возилото марка „Фиат Пунто“ во кое се наоѓале, поради неприлагодена брзина, излетало од патот и неколку пати се превртело во нива.

Според МВР, несреќата се случила во 14:55 часот на патот Делчево – Полето во село Киселица, кај Пеловска маала. Со возилото управувал В.И. (21) од село Полето, Делчевско, кој во еден момент изгубил контрола.

Поради сериозноста на повредите, едно од девојчињата е префрлено воскопскиот Ургентен центар, додека другото е задржано на лекување во Клиничката болница – Штип.

Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица Делчево.

loading...

Коментирај