Повикана Брза помош за судењето на 27 април

0
262

Лекари од Итна медицинска помош утрово повторно беа повикани во суд поради интервенција на обвинет во 27 април. Се работи за обвинетиот Мунир Пепиќ кој утрово пред почетокот на рочиштето се пожали дека не му е добро, пренесе МКД.МК.

Судијката Добрила Кацарска пред отпочнување на денешното рочиште рече дека обвинетиот Пепиќ може да го следи денешното рочиште и дека лекарите утврдиле дека неговата здравствена состојба е добра.

Ова е вторпат лекари да бидат повикани во суд за обвинетиот Пепиќ.

Лекари во судница беа повикувани и за други обвинети, меѓу кои и за обвинет на кој по прегледот во суд лекарите му препорачаа посета на стоматолог. Судењето за 27 април денес продолжува со дополните докази на одбраната

Коментирај