ПОВИК за пројавување интерес за кандидирање за Претседатели и членови на Републички Комисии и Совети на ВМРО-ДПМНЕ

0
3903

Согласно одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на член 28, став 1, алинеа 13 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Повик за кандидирање за Претседатели и членови на Републички Комисии и Совети на ВМРО-ДПМНЕ и тоа за:

1. КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА И ИНВЕСТИЦИИ
2. КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИСКИ И МОНЕТАРНИ ПРАШАЊА
3. КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И ДИЈАСПОРА
4. КОМИСИЈА ЗА ПРАВНИ РАБОТИ
5. КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ
6. КОМИСИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
7. КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА
8. КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
9. КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО
10. КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ГРАДЕЖНИШТВО И УРБАНИЗАМ
11. КОМИСИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
12. КОМИСИЈА ЗА ВЕРСКИ ПРАШАЊА И МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
13. АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА
14. КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
15. КОМИСИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО, ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ И АУДИОВИЗУЕЛНИ УСЛУГИ
16. КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКИ И ЕВРОАТЛАНСКИ ИНТЕГРАЦИИ
17. КОМИСИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
18. КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА
19. КОМИСИЈА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
20. КОМИСИЈА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
21. КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
22. КОМИСИЈА ЗА ОДНОСИ СО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ
23. КОМИСИЈА ЗА СПОРТ
24. КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ
25. КОМИСИЈА ЗА СЕМЕЈНИ ПРАШАЊА И ДЕМОГРАФИЈА

1. СОВЕТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
2. СОВЕТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА
3. СОВЕТ ЗА ЗДРАВСТВО
4. СОВЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ
5. СОВЕТ ЗА ЕКОНОМИЈА
6. СОВЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРАШАЊА

Кандидидатите за Претседател на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивациско писмо, биографија (CV) и програма за работа со точно утврдени рокови, за Комисијата за чиј Претседател се кандидираат. Кандидатите за Претседател на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават биографија (CV) и мотивациско писмо во кое ќе ги образложат мотивите за членство во една од Комисиите. Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за Претседател или членови на Советите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивациско писмо, биографија (CV) и програма за работа со точно утврдени рокови, за Советот за чиј Претседател или Членови се кандидираат. Кандидатите за Претседател или членови на некој од Советите потребно е да се поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и не е потребно да се членови.

Почнувајќи од денот на објавување на овој Повик, кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 23.06.2017 година во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата Др. Христо Татарчев бр. 1) во Скопје или преку електронска пошта на [email protected] .

По доставувањето на кандидатурата секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на комисија.

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

По завршувањето на процедурата на избор, секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, по негово сопствено барање.

Коментирај