Повик до сите невработени лица да се пријават за шестмесечна субвенција на бруто-плата

0
536

Врз основа на Оперативниот прирачник за Програмата за условен паричен надоместок (УПН) за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик, на ден 10.1.2018 година се објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
до невработените лица за учество во Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик

Се повикуваат невработените лица од доленаведените целни групи да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица, со цел да аплицираат за учество во програмата која вклучува 6 (шест) месечна субвенција на бруто плата, со обврска на работодавачот работникот да го задржи дополнителни шест месеци на работа.

Субвенцијата ќе се исплаќа во два износа – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи.

Понискиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 17.500, 00 МКД по вработено лице, a повисокиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 19.500, 00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување.

Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавачот ќе му се исплаќаат по 5.000, 00 МКД по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали.

Работодавачот е должен на вработените да не им исплаќа плати пониски од добиената субвенција во периодот од 6 месеци по субвенционираното вработување.

Право на учество во програмата имаат невработени лица кои припаѓаат на една од целните групи и тоа:
1) Корисници на социјална парична помош
2) Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош 1826)
3) Лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование
4) Членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош, и детски додаток
5) Жртви на семејно насилство кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
6) Лица кои биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
7) Лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика

Заинтерисираните невработени лица можат да поднесат пријави во работните кпубови во Центрите за вработување во РМ до 28.2.2018 година секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот.

Детални иформации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт телефон 02/31 1 1850 лок. 223 и веб страна www.avrm.gov.mk

Коментирај