Поучно: Никогаш немој да молиш за љубов

0
576

Никогаш немојте да молите за љубов, оние кои ја имаат ќе ви ја дадат, а оние кои ја немаат не можат да ви ја дадат за ништо на светот. Не се продавајте за нечија наклонетост.

Не се работи за тоа дали заслужувате или не заслужувате нечија љубов, се работи за другите и за нивната приказна, нивните приоритети и интереси. Дали сакате да го изгубите својот мир влегувајќи во свет во кој една насмевка, добар збор, бакнеж имаат своја цена? Не се спуштајте на тоа ниво.

Кога почнувате да молите за љубов, вие престанувате да живеете. Вашиот живот станува споредна улога во животите околу кои се вртите. Тогаш станувате свесни за тоа колку е тешко човек да ги носи своите чувства, затоа што наместо да уживате во нив и да ве носат напред, тие стануваат тег кој ве влече во еден маѓепсан круг. Почнувате да сфаќате дека понекогаш е потребно да ставите маска на лицето за да го добиете она што го сакате, дури и ако тоа што го сакате е само љубов.

Кога почнувате да молите за љубов сфаќате колку ранливи станувате, колку многу ги ставате вашите слабости на располагање на другите, колку лесно станувате мета за оние кои сакаат да озборуваат и како сето тоа го поднесувате само за еден миг наклонетост. Со таква љубов никогаш нема да добиете среќа, затоа што на крајот на краиштата тоа не е љубов, тоа е нешто коешто морате да го средите самите со себе и никој не може да ви помогне во тоа, никој освен вие самите.

Како и да ве притиснал животот, немојте да молите за љубов, покажете дека вашето срце не е создадено за трошки. Имајте достоинство да се оттргнете од оние кои не ве почитуваат и кои прават да се чувствувате помалку вредни. Има луѓе на кои им значите и кои ќе ве поддржат и вас и вашите соништа, само тргнете се од вратите кои никогаш нема да ви бидат отворени и одете низ животот давајќи љубов. Ќе видите колку брзо ќе ја добиете назад.

Коментирај