Потпретседателот Спасовски во посета на Василево: Членството во ЕУ и НАТО значи стабилност, да кажеме ДА за македонската иднина

0
384

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски вчера ја посети општина Василево кадешто се сретна со граѓани, симпатизери и поддржувачи на партијата од оваа општина.

Пред граѓаните, Спасовски зборуваше за резултатите во изминатата една година на Владата предводена од СДСМ, за постигнатиот конечен Договор со Република Грција и придобивките за граѓаните од членството во НАТО и ЕУ.

– Имаме Договор кој со право се нарекува историски, затоа што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет еднаш секогаш и ја отвора вратата за членство во ЕУ и НАТО. Ова е шанса, сите ние заедно, да испишеме нова страница од историјата на нашата држава. Македонија конечно се движи во вистинска насока, по патот на евроатлантската интеграција, имаме шанса да станеме дел од европското семејство. Полноправното членство во ЕУ и НАТО значи и загарантирана стабилност и безбедност, јакнење на институциите и владеење на правото, значи заживување на економијата, инвестиции, поголеми плати, нови работни места и повеќе пари за граѓаните. Тоа е остварување на стратешките цели коешто и за Општина Василево и за цела Македонија ќе значи подобар живот, повеќе пари, сигурност и стабилност, порача Спасовски.

Потпретседателот Спасовски ги повика жителите на општина Василево да ја искористат историската шанса и на референдум, слободно, достоинствено и одлучно да кажат ДА за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, да кажат одлучно ДА за македонската иднина и загарантиран македонски идентитет.

Скопје, 05.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Извор: СДСМ

Коментирај