Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири оствари средба со амбасадорот на Исламска Република Иран

0
518

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири денеска оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Хосеин Карими.

Потпретседателот Зекири, пред амбасадорот ја потенцираше важноста на концептот на отвореност и инклузија што СДСМ го практикува во последните години. Во таа насока, посочи Зекири, СДСМ продолжува активно да работи на концептот и визијата Македонија да биде едно општество со еднакви граѓани.

На средбата беше разговарано и за односите помеѓу Македонија и Иран, при што заеднички беше констатирана потребата од создавање можности за проширување на соработката помеѓу двете земји, особено во економијата, културата и образованието.

Коментирај