Потпечени палачинки со шунка и кашкавал

0
329

Состојки:

  • 1/2 л. млеко
  • 250 гр. брашно
  • 3 јајца
  • 1 прстофат сода
  • 1 прстофат сол
  • 2 лажици путер
  • 150 гр. шунка
  • 150 гр. кашкавал

Подготовка:
Свежото млеко (1/2 л.), јајцата (3 парчиња) и претходно измешаното брашно со сода и сол измешајте ги во длабок сад и потоа додадете го растопениот путер (2 лажици) и мешајте се до добивањето на хомогена смеса.
Правете ги палачинките во нелеплива тава. Од наведеното количество обично се добиваат 12 парчиња. Уште додека се топли, палачинките посипете ги со ренданиот кашкавал (150 гр) и ситно исечканата шунка (150 гр.) и направете ролна од секоја палачинка . По желба намачкајте ги со масло однадвор и потоа ставете ги 10 минути да се потпечат во рерната.

На здравје!

Коментирај