Потекло и значење на имињата на неколку европски градови

0
75

Берлин, Манчестер, Минхен, Париз, Рим… сите ги знаеме овие градови, но малкумина знаат зошто се така наречени.

Дознајте како одредени европски градови го добиле своето име.

Барселона

Еден од најубавите и најзнаменитите градови своето денешно име му го должи на картагинскиот генерал Хамилкар кој го освоил, таткото на познатиот Ханибал кој речиси 10 години го тероризирал Рим и цела Италија. Нивното семејно име е Барка, од каде и доаѓа името на градот.

Берлин

Иако целата народна традиција на Германија е тесно поврзана со реката Бар, што во превод значи Мечка (што исто така е и симболот на Берлин), всушност името на градот доаѓа од словенскиот збор „берл“ што значи мочуриште.

Манчестер

Родниот град на Јунајтед првобитно се викал Мамучио што е од келтско потекло. Денешното име доаѓа од називот Mameceastre, што е кованица од зборовите дојка или „рид во облик на дојка“и римски град.

Париз

Градот на светлината во античко време се викал Лутеција Парисорум, а во доцната империја и Париси. Првото населување било од галското племе Париза, кое од градот направил своја престолнина. Нивното име ден-денес живее преку еден од најпознатите светски градови.

Минхен

Баварската престолнина во својот корен го има зборот monch што во превод значи монах. Сега ви е јасно зашто овој град се смета за свет град.

Лондон

Латинското име на престолнината во која никогаш не заоѓало сонцето, Londinium, етимолошки се објаснува како место во кое припаќа човекот наречен Londinos, но ова значење никогаш не било потврдено.

Рим

Вечниот град на латински се вика Roma, што е најверојатно скратеница од зборот Rumon, старото име на реката Тибар.

Извор: hybread.mk

Коментирај