Постојат ли и други разговори во кои што Заев открива државни тајни и ја оддава комуникацијата со стратешки партнери?

0
178

Откако вчера украински комичари споделија видео во кое откриваат телефонски разговор со премиерот Зоран Заев јавноста остана во неверување од разговорот во кој премиерот договара мито од 100 илјади евра.

Во разговорот на различни теми Заев мисли дека разговара со поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко, а потоа и со шефот на НАТО Јенс Столтенберг.

Јавноста по преслушување на целиот разговор со комичарите, јавно прашува како е можно Заев да открива толку многу државни тајни и да ја оддава комуникацијата со стратешките партнери на луѓе кои биле комичари?

Транскрипт од преведниот разговор:

„Порошенко”: Ве молам ако може да ми го дадете бројот на Вес, не го имам бројот или го имам погpeшниот
Заев: Вес Мичел?
,,Порошенко”: Да
Заев: Сега, само 1 секунда +1… ете го мобилниот телефон.
,,Порошенко”: Ок ти благодарам многу господине премиер, ви благодарам за овој разговор.
Заев: Може ли да ми го дадете вашиот мобилен господине претседател, а потоа јас ќе ви испратам порака да се поврзам со вас.
,,Порошенко”: Не е прoблем
Заев: Да
,,Порошенко”: +3…Ете го мојот мобилен број. И можете да ми се јавите. Најпрвин може да ми пишете на месенџер или Ватсап.
Заев: Сега ќе ви испратам порака да се поврземе.
,,Порошенко”: Одличен разговор, господине премиер. Ми е драго. И ви посакувам се најдобро, многу успех на референдумот и идните политички активности и полтичка иднина.
Заев: Ми беше чест да разговарам со вас господине Порошенко.
,,Порошенко”: И мене. Не заборавајте сега мора да ме викате само Петар Македонски.
Заев: Океј. Петар Македонски. Ви благодарам многу, ми беше чест. Чао, чао.

Инаку Заев во разговорот ги открива броевите на пола од лидерите во светот, ги озборува скоро сите дипломати, се исмејува на руските служби и Путин, ги кажа тајните од Меркел и Макрон, ги кажува и плановите за Балканот, поверува дека Порошенко е директен потомок на Александар Македонски и нудеше 100 илјади евра поткуп за Вартоломеј…

По разговорот во кои комичарите го насамарија Заев илјадници корисници на социјалните мрежи побараа оставка од Заев, додека најостро го осудуваат и лошиот пропуст на протоколот на Заев.

Сето ова можете да го слушнете во разговорот кој трае еден час.

Коментирај