Посни сарми со печурки и ориз

0
451

Состојки:
– 1 праз
– 150 мл.масло
– 3 чешниња лук
– 300 гр. свежи печурки
– 1 морков
– половина целер
– 100 мл. сок од домати
– 1 лажица црвен пипер
– 200 гр. ориз
– црн бибер – по вкус
– 1 глава кисела зелка
– нане
– 200 мл. сок од зелка

Подготовка:
Исечете го зеленчукот, празот и лукот, печурките и целерот на мали коцки, и морковите изрендајте ги на ренде. Во тенџере пропржете го зеленчукот околу 10 минути и потоа додадете го оризот. Кога оризот ќе добие проѕирна боја додадете го сокот од домати и пржете кратко време. Зачинете. Додадете 200 мл топла вода и оставете ги состојките да се варат со непрестано мешање на тивок оган се додека оризот не ја апсорбира водата. Потоа завиткајте сарми. Наредете ги во тава, ставете го сокот од зелка и додадете го преостанатото масло. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 180 степени околу еден час. Потоа отстранете ја фолијата и оставете го јадењето во рерна уште 15-20 минути.

На здравје!

Коментирај