Посна Св.Николска сарма

0
2990

Состојки:
– 3 главици кисела зелка
– 300 гр. ориз
– 1/2 л. масло
– сол
– црн бибер
– црвен пипер
– ловоров лист

Подготовка:
Сармата се прави ден порано. Листовите зелка се сечат на парчиња колку што сакате да биде мала сармата. Потоа се спрема филот. Во оризот додадете сол, црвен пипер, црн бибер и малку масло. Убаво промешајте. Од овој фил се зема по малку и се витка сармичка која се стегнува со раката за да не се растури во варењето. Сармите наредете ги во тенџере. Откако ќе го наредите првиот ред ставете црвен пипер, ловоров лист и малку масло. Потоа почнете со редење на вториот ред. Кога ќе завршите ставете масло и црвен пипер. Покријте ги сармичките со листови од кисела зелка.  Ставете вода 2-3 прсти над сармите и голем сад да ги покрие сите сарми за да не се мрдаат во текот на варењето. Варете на ниска температура околу 4 часа.

На здравје и за многу години престојниот празник Св. Никола!

Коментирај