Посна пица со туна и печурки

0
578

Состојки:
– 400 гр брашно
– ¼ коцка пивски квасец
– ½ лажичка сол
– 4 лажици маслиново масло
– 200-220 мл топла вода
– 6 лажици доматна салца
– 320 гр туна од конзерва (во парчиња исцедена од маслото)
– 1 главица кромид
– 400 гр свежи шампињони
– по потреба оригано.

Подготовка:
1. Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, солта, маслиновото масло и додавајте топла вода по потреба. Замесете многу меко тесто.

2. Тестото поделете го на 2 дела и оставете го во длабоки садови во кои ќе ставите по 1 лажичка маслиново масло.

3. Садовите со тестото покријте ги со најлонска фолија и оставете ги во фрижидер да одстојат (најдобро преку ноќ).

4. Во меѓувреме кромидот исечкајте го ситно, а шампињоните исечете ги на тенки листови.

5. Од нараснатите тестата за пица со помош на рацете формирајте тенки кори и ставете ги во набрашнета тава за печење.

6. Врз тестото ставете доматната салца и наросете оригано.

7. Потоа, додајте ја туната, ситно сечканиот кромид и листовите шампињони

8. Посните пици попрскајте ги со маслото исцедено од туната и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, прво во долниот дел на шпоретот за време од 10 минути, а потоа уште 10 минути на средната решетка. Печената посна пица извадете ја од рерна, оставете ја кратко време да се излади и послужете ја додека е топла.

На здравје!

Извор: Sezahrana.mk

Коментирај