„Послание на Св. Апостол Павле до ФИЛИПЈАНИТЕ“

0
96

15. “А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на благодестието, кога излегов од МАКЕДОНИЈА, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам ОСВЕН ЕДИНИТЕ ВИЕ; * 2 Кор.11,9.

16. Зашто и во Солун, и еднаш, и вторпат, ми пративте нужни работи“

“Послание на Св. Апостол Павле до СОЛУНЈАНИТЕ”:

1. “Од Павла, *Силуана и Тимотеја – до Солунската црква во Бога Отецот и во Господа Исуса Христа: вам благодат и мир од Бога Отецот и од Господа Исуса Христа.

2. Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, спомнувајќи ве во молитвите наши.

3. И непрестано го спомнуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и трпеливоста на надежта ваша во нашиот Господ Исус Христа пред Бога и Отецот наш.

4. Знаеме, возљубени браќа, за вашиот избор од Бога,

5. зашто нашето благовестие кон вас беше не само со слово, туку и со сила и со Светиот Дух, и со голема увереност: сами знаете какви бевме за вас помеѓу вас.

6. И вие се угледавте на нас и на Господа, кога во големи маки со радост го примивте словото од Светиот Дух,  * 1 Кор. 4, 16.

7. така што станавте образец за сите верници во МАКЕДОНИЈА и Ахаја. 8. Оти од вас се заврза словото Господово не само во МАКЕДОНИЈА и Ахаја, туку и *во секое место се пронесе славата за верата ваша во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме. *Рим. 1,

8.“ До Солуњаните прво

9. “За братољубието пак нема потреба да ви пишувам, оти вие сами сте научени од Бога * да се сакате еден со друг, * Јован 13, 34.

10. бидејќи така и постапувате со сите браќа по ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.”OD BIBLIJATA…..

Коментирај