Порше пушта уникатен модел 911 turbo S на пазарот

0
351

Специјална серија од спортското купе Porsche 911 Turbo S излегува на пазарот. Серијата го доби додатокот Exclusive Series кон своето име и ќе биде пуштена во ограничен тираж од 500 примероци. Според производителот од Штутгарт, тоа е „најмоќното и уникатно 911 Turbo S во целата историја на моделот“, бидејќи содржи повеќе оригинални решенија и модернизиран мотор. Каросеријата на спортскиот автомобил е обоена во посебна златно-жолта боја и на капакот на покривот се поставени црни карбонски линии.

Освен тоа Porsche 911 Turbo S Exclusive Series располага со уникатни 20-инчни бандажи Golden Yellow. Во стандардната опрема на моделот влегува уште аеродинамичен комплет Turbo Aerokit, вклучувајќи преработен заден дифузер и задно крило. Треба да биде одбележан и спортскиот издувен систем, направен од 4 црни цевки од не’рѓосувачки челик.

Што се однесува до техничкиот дел  Porsche 911 Turbo S Exclusive Series се потпира на модернизиран мотор, чија моќност е зголемена до 607 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 750 Н. Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 км / ч за 2,9 секунди, а максималната брзина достигнува 330 км / ч. Системот за сопирање на спортскиот автомобил е од композитни материјали. Во основната опрема е вклучен системот Porsche Dynamic Chassis Control, пакет Sport Chrono и систем Porsche Active Suspension Management. Од Porsche се категорични дека ќе произведат само 500 примероци од моделот, како идните сопственици на автомобилот ќе имаат можост да купат и уникатен часовник од Prior Design посветен специјално на овој модел.

Коментирај