ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ: Еве какво ќе биде времето од утре до сабота

0
625

До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Утре ќе биде претежно облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. На места вкупните количества може да надминат 45 литри на квадратен метар.

Во скопската котлина и на северот врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани и ќе се повеќе кон исток, а и ќе дува повремено засилен северен ветер.

Кон деновите од викендот температурата ќе биде во постепен пораст.

Коментирај