Поразот сè поизвесен: Заев си ги спасува кадрите, Забрчанец од Кабинетот префрлен во Генералниот секретаријат

0
591

Специјалниот советник за медиуми на премиерот во заминување Марјан Забрчанец спасува жива глава, па од Кабинетот на премиерот преминува во Генералниот секретаријат на позицијата национален кординатор за интеграција во ЕУ, дознава „Република“.

Според наши извори, Заев се одлучил на ваков чекор поради сè поизвесниот пораз, што ќе значи крај и на кариерите на главните ПР-стратези на премиерот во заминување. Затоа и наместо да лета во облаци и да се залажува со изборна победа, премиерот во заминување сега е насочен и единствено се обидува додека може да зачисти и да ги вдоми своите луѓе пред да замине од „Илиндеска“ 2.

Извор: република.мк

Коментирај