Поранешниот министер за финансии на СДСМ: „Метлата” беше единствен аргумент за победа на Пендаровски, но и во тоа потфрлија!

0
764

Поранешниот министер за финансии на СДСМ, Никола Поповски во колумна за независен весник, напиша дека најавите на премиерот Заев за реконскрукција биле можеби единствен аргумент за победа на претседателските избори на Стево Пендаровски, а всушнот се претвори во антипод на себеси. Поповски смета дека разрешувањето на Тевдовски е погрешен чекор бидејќи тоа било атак врз единстениот здрав столб во економијата.

Во прилог дел од колумната на Никола Поповски:

Реконструкцијата на Владата што долго се најавуваше, која се претвори во клучен, па и можеби единствен аргумент за победа на Стево Пендаровски во вториот круг на претседателските избори и претендираше да даде одговор на многу од прашањата за кои сегашната власт не испорача ни блиску до соодветни одговори, се претвори во антипод на самата себеси. Таа не даде речиси ниту еден сериозно прифатлив и позитивен одговор освен еден многу негативен и целата се сведе на разрешувањето на можеби единствениот здрав столб во Владата од оние што треба да се грижат за стабилноста и развојот на македонската економија. Како и десетици пати до сега во кратката историја на македонската независност, кога власта не ги давала резултатите што самата ги најавувала или очекувала и кога довербата во неа се намалува секојдневно, така и сега, вината се побара директно и единствено во Министерството за финансии и ресорниот министер. Тоа е грешка со можни посериозни последици.

Ако, пак, ја погледнеме реконструкцијата на владата од нејзината опачина, лесно ќе сфатиме дека таа не беше реконструкција за промена на оние што потфрлија по кој било основ, туку директна конфирмација на оние што останаа, а не заслужија да останат. А тие имаат уште точно една година за да го завршат мандатот пред да се избере она несреќно решение наречено „преодна (пржинска) влада“, што всушност е ставање на најважните државни органи и речиси целата државна администрација во непотребно мирување пред есенските избори 2020 година.

Реконструкцијата на министерот за финансии како факт, најавата дека воопшто нема да се избере нов министер и неколкуте најави за тоа што ќе треба да се очекува од тоа министерство во идните 12 месеци, можат да внесат извесни проблеми каде што никој не ги очекува. Досегашниот министер, како-така, внесе извесна стабилност и предвидливост на јавните финансии по оној „цунами период“ од 2007 до 2016 година кога дефицитите, јавниот долг, непотребните трошења, криењето на јавно достапните податоци, нетранспарентноста, непочитувањето на некои од базичните принципи на раководењето со јавните финансии и особено раштиманата расходната страна на буџетската политика, беа закани за целата економија на краток, среден и долг рок. Сегашните нови фискални најави, наречени „храбри решенија и храбри одлуки“ значат, под услов приходите да останат да се реализираат со истата динамика, расходната страна на буџетот ќе се зајакне со нови позиции од кои најостро прозвучија оние за раст на расходите за социјална заштита, земјоделските субвенции, нивото на пензиите од јануари 2020 година и на платите на администрацијата од септември 2019 година, вклучувајќи ги и најавите за буџетски компензиран нов раст на минималната законска плата во земјава и неколку други.

Целата колумна може да ја прочитате: Тука

Коментирај