Поранешни ѕвезди на Вардар и Металург во љубовна врска, уживаат на море

0
206

Вардар и Металург се големи ривали на теренот, но меѓу ракометари кои го носеа „црвено-црниот“ и „сино-белиот“ се роди љубов. Станува збор за кружните напаѓачи Марија Петровиќ и Жарко Пешевски. Тие оваа сезона не беа во иста држава, но тоа не ги спречува да ја одржуваат врската на далечина.

Пешевски беше дел од Мотор Запорожје, а следната сезона ќе биде во Германија во Штутгарт, додека Петровиќ играше за Валчеа, а следната сезона ќе биде во Романија, но во друг клуб – Бакау.

Тие двајца летниот одмор го поминуваат во Турција на море од каде објавија фотографија од хотелот во кој престојуваат.

Извор:Република.мк

Коментирај