Поранешна НБА ѕвезда убиена при престрелка со полицијата

0
260

Поранешниот НБА играч и Тајлер Ханикат се забарикадирал во куќата во Лос Анџелес и пукал на полицијата, која го убила, јавуваат американските медиуми.

Полицијата добила повик од мајката на кошаркарот која им рекла дека нејзиниот син се однесува неконтролирано. Кога полицијата пристинала на местото, тој пукал на полицајците кои возвратиле.

Според медиумите, ниту еден од полицајците не е повреден во пукотниците, а околу 30 станари од соседството се евакуирани, при што реагирала и полициските специјалци.

Тие по пукотниците го пронашле мажот во куќата кој не давал знаци на живот.

-Единицата SWAT влезе во куќата и пронајде безживотно тело. Тој е прогласен за мртов на лице место. Истражувачите од нашето одделение се на местото на настанот и спроведуваат истрага, а ние ќе дадеме повеќе детали кога ќе ги имаме, се вели во соопштението на полицијата од Лос Анџелес.

Ханикат минатата сезона играше за Химки, а претходната за Анадоли Ефес.

Коментирај