Порака од елитите: Вие Македонците сте проблем и затоа бидете љубезни и исчезнете

0
1043

Ова е пораката што многумина од елитите во македонската Влада, македонскиот невладин сектор, западните амбасади во Македонија, тинк тенковите, академските институции во ЕУ и САД и голем дел од медиумите ја испраќаат до вас. Вие, Македонците кои упорно инсистирате и понатаму се нарекувате Македонци и кои сте запнале ова мало парче земја да го викате Република Македонија – е вие сте виновни, вие сте дел од проблемот и од вас не сме виделе ништо освен нервози. (Инаку, да, многумина од македонската елита во моментов извршуваат идентитетско самоубиство, независно дали се свесни за тоа или не).

Вие сте се фатиле за тоа име и за идентитетот, кога сите високо-мислечки луѓе на Запад, во овој 21 век, знаат дека идентитетот е надмината работа (само ве молам не ги прашувајте Грците, Албанците, Бугарите или Србите за нивниот идентитет). Вие сте се фатиле за вашето минато, за историјата, за традицијата, културата, црквата, јазикот, вашите херои и вашите приказни. Како. Се. Осмелувате? Ова не е начинот на кој треба да се однесуваат вистински Европејци, особено не Европејци кои припаѓаат на високото културно друштво. А ние, ако ништо друго, сме дел од  високото друштво (и можеби, само малку сме вообразени). Вие велите дека сакате да влезете во нашите клубови, во НАТО и во ЕУ? Тогаш однесувајте се како што прилега – отстранете ја оваа една пречка која ве држи надвор од НАТО и од ЕУ. Отстранете се себеси. Вашето име. Вашиот идентитет. Вашата иднина како Македонци во Република Македонија. Престанете да се нарекувате Македонци и во било кои други земји.

Мислевте дека ќе можете да ги пренесете вашето име и идентитет на вашите деца, внуци и на идните генерации? Тоа е многу затуцано. Терба да живеете тука и во сегашноста. „Јади, пиј, биди весел, зошто утре ќе умреш“.  Нема што да се секирате за иднината, а особено не за идните генерации. Будалчиња. Нема да има утре. А сигурно нема да има ништо по смртта, без оглед колку вашата мала црква ви вели поинаку.

Точно, повеќето од нас кога кажуваат вакви работи не користат толку брутални изрази. Но, честопати во нашите пораки доаѓаме многу блиску до целта.  Како и да е, нашата порака е јасна: Вие, Македонците кои упорно инсистирате и понатаму се нарекувате Македонци и кои сакате Македонија да остане Македонија, вие сте дел од проблемот, а проблемот мора да се реши по секоја цена.

Прашањето што се поставува сега е дали вие, Македонците и пријателите на Македонија, дали ќе дозволите да се случи ова? Дали ќе дозволиме да се сменат македонското име и идентитет? Бидејќи, на крајот на краиштата ова прашање зависи од сите нас.

Еден мој македонски приајтел кој живее во Австралија неодамна коментираше на Твитер за Владимир Глигоров, синот на првиот македонски претседател Киро Глигоров. Тој посочи дека помладиот Глигоров во одреден момент во минатото се „прекрстил“ (така тој вели) во српскиот идентитет. Владимир Глигоров пораснал како Македонец, но ако ја погледнете неговата биографија ќе видите дека тој се претставува како Австриец по националност, а за мајчин јазик вели дека тоа е српско-хрватскиот (ова особено може да ги изнервира и Србите и Хрватите). Со ова се поставува важно прашање: доколку елитите успеат да го сменат вашето име и идентитет, дали вашиот идентитет како Македонци ќе избледне со текот на времето? Дали ќе дозволите тоа да се случи? Или ќе застанете и ќе се борите против тоа? Дали ќе ветите, сега и тука, дека ќе го зачувате, заштитите и браните својот идентитет како Македонци и идентитетот на Македонците кои допрва ќе се родат? Ќе го сторите тоа?

Да претпоставиме дека актуелната Влада на Македонија ќе ги реализира своите намери и ќе го смени името, а со тоа и идентитетот (и јазикот, и се друго што се нарекува „македонско“), дали со тоа вашиот идентитет ќе избледне како што минуваат децениите? Дали вашите деца, внуци и се уште неродените идни генерации ќе пораснат знаејќи и верувајќи дека се Македонци или пак тоа ќе се заборави? Дали Македонија секој месец ќе се откажува од по неколку сантиметри од својата историја, традиција, култура и идентитет во полза на Грците, Бугарите, Албанците и Србите, и еден ден ќе се разбуди и ќе сфати дека раздала се што имала и дека нема веќе што да даде? Ако дадете се што имате, што ќе ви остане?

Повторувам, дали вашиот идентитет како Македонци ќе избледне со текот на времето, и дали ќе дозволите тоа да се случи? Или ќе се спротиставите? Дали ќе дозволите тоа да се случи? Или ќе застанете и ќе се борите против тоа? Дали ќе ветите, сега и тука, дека ќе го зачувате, заштитите и браните својот идентитет како Македонци и идентитетот на Македонците кои допрва ќе се родат? Ќе го сторите тоа? Јас ви ветувам дека ќе стојат со вас, сега и засекогаш, и ќе го правам токму тоа – ќе се борам да ја заштитам, зачувам и одбранам Македонија и македонскиот идентитет. Запомнете, на крајот на краиштата, не зависи од нив: зависи од вас, од Македонците и секако, од пријателите на Македонија.

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

loading...

Коментирај