Поради политички притисоци и уцени, директорот Наџи Шабан поднесе оставка

0
279

Во оставката адресирана до министерот за култура, вршителот на должноста директорот на Турскиот театар, Наџи Шабан вели дека се соочувал со притисоци и уцени и на овој начин, со оставка, изразува револт и протест против сите обиди за, како што вели, партизација на театарот.

„Како в.д. директор секогаш се стремев да обезбедам заедно со моите колеги минимум услови кои беа разрушени од претходната управа и во тоа успеавме да направиме максимум.

Екипата се комплетира со седум колеги од техничката екипа на Турски театар Скопје.

Го отворивме патот за новите млади актери (генерации) на кои им пожелувам успешна кариера со сето мое срце. Притисоците, уцените за кадровска политика, обидот за партизација на Турскиот театар и намерна опструкција на политичката ‘елита’ за непречена работа на Турски театар – Скопје, ме натераа да поднесам неотповиклива оставка на функцијата директор бидејќи сум професионалец, а ние, уметниците, знаеме кога е време и кој е начинот на протест сè со една цел: го кревам гласот против партизација и поделби наметнати од партизација на турските политички партии“, напиша Шабан на „Фејсбук“.

Коментирај