Поради неизлечива болест, научници се обидоа да променат човечки ген

0
344

Научници прв пат се обиделе да променат ген во човековото тело, но така што да не се измени перманентно ДНК-та на лицето, и на тој начин да го излекуваат од Хантеровиот синдром.

Експериментот започна неделава. Брајан Мадо (44), интравенозно прими милијарди примероци од корективниот ген што треба да „ја пресече“ неговата ДНК на точно одредено место.

Пациентот е подготвен на секаков ризик, со надеж дека, како што вели, тоа може да им помогне и на многу други луѓе. За околу еден месец, лекарите ќе знаат дали терапијата може да успее, а за три месеци ќе се знае и конечниот одговор.

Доколку се заврши успешно, тоа ќе биде поттик за уште поинтензивни истражувања во полето на генетичката терапија. Науката и претходно успеваше да изведе промени во човечкиот ген, но во лабораторија, на извадени ќелии, кои потоа се враќаа назад во телото на пациентот. Постојат и генетички терапии што не значат промени во ДНК-та.

Сепак, овие методи можат да се користат само за неколку болести.

Коментирај