Поради љубов заврши во затвор: Приведениот англиски навивач на Мундијалот со шокантна изјава (ВИДЕО)

0
221

Московската полиција го приведе навивачот на репрезентацијата на Англија, Хол Руфус, поради сквернавење на споменикот на Фјодор Черенков, напаѓачот на московскиот фудбалски тим „Спартак“, соопштуваат руските медиуми.

Руфус, на градите на скулптурата на рускиот фудбалер кој се наоѓа во состав на истоимениот стадион познат и како „Откритие Арена”, напиша England (Англија), а навивачите подоцна го избришаа натписот.

Навивачот им се извини на навивачите на „Спартак”, изјавувајќи дека неговиот единствен мотив бил да остави „нешто за спомен”, некаква трага за својот престој на Светското првенство во фудбал. Тој додаде дека за два дена се вљубил во Русија и дека не би пишувал на споменикот доколку знаел дека тоа може да предизвика реакции.

„Жал ми е и се срамам. За два дена колку што сум во Русија се вљубив во оваа земја. Луѓето се гостопримливи. Ја почитувам историјата и никогаш не би го направил ова доколку знаев дека ќе ги навредам луѓето. Се извинувам“, рече Руфус, пренесуваат руските медиуми.

Според последните информации, Судот во Москва го казни Руфус прекршочно поради нарушување на правилата за однесување на публиката при одржување на официјални спортски натпреварувања со три илјади рубли, но не му забрани да посетува спортски манифестации.

Англискиот навивач пак, ја плати казната и му ја достави на судот потврдата.

Коментирај