Полнети печурки со костени

0
343

Состојки:

  • 8 големи печурки
  • 1 црвен кромид
  • 200 гр. варени или печени излупени костени
  • 50 мл. црвено вино
  • магдонос, ситно сецкан
  • маслиново масло, црн бибер и сол по вкус

Подготовка:
1.На свежите печурки отстранете им ги дршките. Потоа ставете ги  во тава со нелепливо дно или врз хартија за печење. Секоја печурка посипете ја со малку сол и ставете ја 10 минути во загреана рерна на 200˚ С.
2.Извадете ги и истурете го сокот кој излегол од печурките.
3. Со 1-2 лажици загреано маслиново масло ставете го кромидот да се пржи на умерен оган 4-5 минути, додека омекне и започне да поцрвенува. Ставете ги костените измешајте убаво и ставете го виното. Посолете и оставете ја смесата да се вари без капак додека испари целата течност.
4. Наполнете ги печурките со смесата ставете го магдоносот, солта и црниот бибер по вкус. Вака наполнетите печурки ставете ги уште 10-15 минути да се печат на умерена температура.

 

На здравје!

Коментирај