Полнети мисиркини гради со јаболка и сирење

0
245

Состојки:
– 1 јаболко
– 50 гр. ореви
– 2 лажички жалфија
– 2 лажици мајчина душица
– 80 гр.сирење
– 2 лажици путер
– 1 лажичка сол
– 2 прстофати црн бибер мелен
– 1 кг. мисиркини гради

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Садот за печење покријте го со алуминиумска фолија. Измешајте ги исечените јаболка, оревите, жалфијата, мајчината душица со малку сол и бибер по вкус. Направете отвор во мисиркините гради користејќи остар нож. Наполнете го месото со парчињата сирење и со мешавината од јаболка. Затворете го месото со чепкалки за заби. Премачкајте го месото со путер и посипете со сол и црн бибер. Печете 40-50 минути или се додека не добиете златно- кафеава боја.

На здравје!

Коментирај