Полнета јагнешка плешка

0
749

Состојки:

  • 1 јагнешка плешка
  • 200 гр. свинска сланина, многу ситно сецкана
  • 2 филџани презла
  • 2 парчиња зелен кромид, ситно сецкан
  • 1 филџан сецкан магдонос, босилек и нане
  • 1 чешне лук истолчено
  • 3 лажици ореви
  • 1 јајце
  • 1 филџан шарен пипер, мелен
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 филџан црвено вино
  • 1 ловоров лист
  • 2 филџани лук
  • 2 филџани моркови
  • 2 лажички мед
  • 1 лажица оцет
  •   сол по вкус

Подготовка:

  • Извадете ја коската од плешката. Исечоците од месото што останале кога ја вадевте коската исечете ги на ситно. Плешката посолете ја.
  • Смешајте ги сецканото месо, свинската сланина, кромидот, презлата, зелените зачини, лукот, јатките, јајцето и шарениот  пипер. Наполнете ја  плешката и врзете ја во вид на ролат со памучен конец.
  • Месото ставете го во загреано масло за да се пропржи од сите страни. Потоа ставете го во глинен сад со капак. Залијте го месото со вино и додадете го ловоровиот лист. Печете 1,5 – 2 часа (јадењето го ставате во ладна рерна) која се загрева постепено до 170 ° С.
  • Лукот и морковите пропржете ги во маслото во кое ја пржевте плешката околу 5-6 минути на силен оган се додека се карамелизираат. Ставете сол по вкус. Додадете ги медот и оцетот. Промешајте уште 4-5 минути. Оваа смеса додадете ја кон месото (кога ќе биде готово) и оставете да се пече уште 20 минути без капак.
  • Пред да се исече месото, се остава да отстои 20 минути.   На здравје!

Коментирај