Полициско возило удри во „Ауди“ во Аеродром: Повредени три лица, две во критична состојба (ФОТО)

0
257

Во тешка сообраќајна несреќа која пред околу два часа се случила во скопската населба Аеродром повредени се три лица. Сообраќајката се случила во близина на Мајчин Дом.

Во сообраќајката учествувале две моторни возила, првото полициско возило од марката „Шевролет Спарк“ и второто марка „Ауди“, двете со скопски регистарски таблички.

Еден од повредените е со полесни телесни повреди, а две лица се потешки повредени. Истите се пренесени во скопскиот клинички центар и се наоѓаат во критична состојба, пренесе СкопјеИнфо.

Policija-sudar-1-Kurir
Извор: СкопјеИнфо.мк / Фото: Курир.мк

Коментирај