Полицијата трага по малолетно девојче и 31- годишен маж

0
656

Во текот на вчерашниот ден, две лица биле пријавени за исчезнати, едно малолетно девојче и 31- годишен маж.

Според пријавеното, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Б.(42) од Скопје, пријавил дека од домот заминала неговата малолетна ќерка, која претходно неколку пати заминувала и била враќана од полицијата.

Исто така во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Бит Пазар, Д.С.(39) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Д.Е.(31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.

Извор:Република.мк

Коментирај