Полицијата пронашла дрога во паричникот на славната актерка: И се закануваат 10 години затвор

0
260

Актерката која на сите им е позната по улогата на Пејџ во серијата „Маѓепснички“ е сослушана поради поседување кокаин во текот на инцидентот кој се случил на аеродромот во јануари 2017 година

Роуз МекГован се товари за поседување кокаин, откако полицијата пронашла неколку ќесички од белата супстанција во нејзиниот паричник кој таа го заборавила на аеродромот, откакао допатувала во Вашингтон. Роуз наведува дека не е виновна, тврдејќи дека дури пет часа била без паричникот. Таа верува дека нејзиниот паричник бил украден од ранецот, додека била во тоалетот на аеродромот, како и дека дрогата била ставена во него и оставена за да ја пронајде персоналот.

Странските медиуми пренесуваат во случај да се докаже дека Роуз е виновна, и се заканува казна од 10 години затвор. Датумот на судењето ќе биде одреден во наредниот период. Нејзиниот адвокат Хосе Баез изјавил дека Роуз цврсто се држи и дека силно ќе се бори за да ја докаже својата невиност. Тој напоменал дека Роуз е активистка која се бори за правата на жените ширум светот.

Извор:lider.com.mk

Коментирај