Полицијата го сели Мијалков од „Мериот”: Куќниот притвор ќе го излежува во вилата на Водно!

0
1398

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, сепак мерката куќен притвор нема да ја одлежи во хотел „Мериот“.

Како што известува Фокус, тој ќе биде во домашен притвор на улицата„Салвадор Аљенде“ на Водно, а МВР ќе прават ненајавени проверки.

– Мерката куќен притвор предвидува ненајавена проверка од полициски службеници, со цел да се утврди дали ја почитува лицето на кое му е одредена мерката. До СВР Скопје од Основниот суд Скопје 1 од СЈО нема пристигнато друго решение за преземање на мерки– велат од МВР.

На Мијалков со одлука на судот му е определена мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од 29.12.2018.

Извор:Лидер.мк

Коментирај