Полицајци протестираат пред МВР – Оливер Спасовски никаде го нема

0
1795

Ниту бевме последни на листата ниту пак ни фалеа бодови но сепак ние 35 полицајци, припадници на класата 2017/2018 година не сме повикани да потпишеме договор за работа, изјави денеска Дарко Петковски на протестот што се одржа пред Министерството за внатрешни работи.

„Ни кажаа дека сите 609 полицајци кои што ја завршивме обуката на почетокот на јуни годинава ќе потпишеме договор. Но во МВР беа повикани само 560 од нив. Очигледно самоволието стана пракса во МВР“, рече Петковски.

Незадоволните полицајци побарале средба со министерот Оливер Спасовски но како што тврдат два пати биле упатени да закажат средба на два различни телефонски броеви на кои никој не се јавувал.

„Десет дена сме овде и се’ уште чекаме одговор. Не знеме зошто сме одбиени и затоа решивме да се обратиме преку медиумите. Имавме контакт со двата полициски синдикати но решивме прво самостојно да делуваме а за понатака ќе видиме“, вели Петковски.

Тој уште кажа дека се’ уште немаат план што ќе преземат во иднина доколку МВР не ги повика да потпишат договор за работа.

Извор: Лидер

Коментирај