Полицајци ги фатиле со „бело“, едниот од нив „шмркал“ на паркинг

0
3359

Полициски службеници лишиле од слобода двајца Охриѓани откако во нивниот автомобил била пронајдена дpoга, а едниот од нив бил затекнат како конзумира.

Синоќа во 03.40 часот на паркинг во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Д.С.(28) и Д.Т.(29), двајцата од Охрид поради тоа што при преглед на патничко возило „Алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена бела прашката материја, а Д.С. бил затекнат како конзумира дpoга, велат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментирај