Полицајци бараат помош: Десет полицајци заглавени во Танушевци

0
1555

Десет гранични полицајци веќе шести ден поради снежни врнежи се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово, објави Алсат.

Според извори на телевизијата, храната на полицајците е при крај, додека движењето им е оневозможено бидејќи снегот достига од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено не работат, а службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат.

Извор:Лидер.мк

Коментирај