Покрај многуте жени, една конечно го смирила. Фаталната љубов на Уна и Чарли Чаплин

0
240

Чарли Чаплин бил 36 години постар од својата четврта сопруга Уна О’Нил. Се венчале кога имала само 18 години, а нивниот брак предизвикал огромен скандал. Нејзиниот татко се откажал од неа.

Од Уна О’Нил се очекувало да направи многу големи и важни работи во животот. Таа била убава, образована, со потекло од чесна фамилија. Се очекувало од ќерката на познатиот книжевник и нобеловец Јуџин О’Нил и писателката Агнес Болтон да стане славна како и нејзините родители. Таа одела во најдобрите училишта, се дружела со тогашната њујоршка елита. Како тинејџерка и припадничка на отменото општество, елитниот Stork Club ја прогласил за „дебитантка бр.1“.

Уна била шармантна девојка и многумина ја посакувале. Излегувала со Орсон Велсом и била во врска со шест години постариот книжевник Ј.Д. Селинџер.

Била тивка и прекрасна, до таа мера да не може да се симне поглед од неа – опишувале нејзините пријатели за Уна.

Таа заминала во Холивуд и одлучила да стане глумица. Таму го запознала 56 годишниот Чарли Чаплин, кој бил познат вљубеник во помлади девојки и се одлучил да ја ангажира во неговиот најнов филм. Чарлин веднаш штом ја запознал забележал дека бил совладан од нејзината убавина. Нивната прва средба да ја опишал како “најсреќниот настан во неговиот живот“.

Наскоро, за згрозување на целата филмска индустрија тие започнале врска. Се венчале штом наполнила 18 години. Тоа за Чаплин бил четврти брак. Првите три траеле само по неколку години, две од неговите жени имале само 16 години кога се венчале со него.

Неколку месеци пред нивната средба, Чаплин бил оптужен од старлетата Џоан Бери дека е татко на нејзиното дете. Иако бил ослободен од тужбите, ова воопшто не му се допаднало на таткото на Уна.

Тој не го одобрил бракот, ги прекинал сите контакти со својата ќерка и се откажал од неа. Иако, таа била негов миленик, сепак никогаш не и простил. Никогаш повеќе не проговориле. Секоја недела му испраќала писмо, но тој никогаш не ги отворил. Уредно ги чувал на полицата до креветот во кој и починал, држејќи ги писмата крај себе.

Времето покажало дека Уна не погрешила. Не направила никакви големи или важни работи како своите родители, но со својот сопруг имала складен и убав брак кој траел 34 години. Тие имале 8 деца, од кои пет ќерки и три сина. Најголем дел од животот поминале во Швајцарија каде и ги воспитувале своите деца.

Родителите секогаш се држеа за рака“

Тој од мене направи зрела жена, а јас него го одржав млад“ говорела Уна.

Нивниот син Јуџин кажал дека се сечава како родителите биле многу првирзани еден за друг и секогаш се држеле за рака.

Уна го надживеала Чаплин 14 години, кои биле многу несереќни. Тагата за својот сопруг ја направила алкохоличар. Таа починала од рак на панкреас во 1991 година.

Извори: stil.kurir.rs
www.hybread.mk

Коментирај