Погрижете се за флеките на кожата предизвикани од сонцето

0
625

Пигментацијата многу често се јавува како последица од излегувањето на сонце, а најчесто настануваат флеки на рацете и грбот. Кожата на рацете е најизложена на штетните фактори, а со оглед на тоа дека содржи најмалку потни жлезди, побрзо дехидрира и старее. Затоа е важно рацете редовно да ги негувате со креми кои хранат и истовремено ја штитат кожата од штетните сончеви зраци.

Ако сакате да ги тргнете флеките на рацете, пробајте ја маската за избелување која ја користат Индијките.

Потребен ви е сок од лимон и куркума во прав, која делува антивоспалително и и дава сјај на кожата.

Добро промешајте лажичка куркума во прав, со лажичка сок од лимон и нанесете на пегите, односно флеките.

По 15 минути измијте го лицето со ладна вода.

Ако имате многу чувствителна кожа, сокот од лимон разблажете го со вода, а можете и да го замените со млеко

Коментирај