Поднесено барање: Еднаш неделно по еден час Заев ќе одговара на пратенички прашања

0
484

Кабиентот на Зоран Заев денеска писмено побара од претседателот на Собранието да одреди термин за тематски пратенички прашања еднаш неделно.

Во писмото Заев наведува дека Владата е подготвена да почнат неделни тематски пратенички прашања во траење од еден час, во време и формат кој ќе го одреди претседателот на Собранието.

„Во контекст на целосното спроведување на Планот 3-6-9, би сакал да ја изразам недвосмислената подготвеност на Владата за одржување неделни, тематски пратенички прашања во траење од еден час, во време и формат кој Вие ќе процените дека е најсоодветен и согласно Вашите внатрешни процедури“, стои во писмото од премиерот.

Коментирај