Подгответе се! Европа ја чека најстуден крај на Октомври во последните 100 години

0
866

Европа ќе ја окова леден бран на крајот на овој месец. Метеоролозите предвидуваат до 10 сантиметри снег на планинивте во Шкотска, а не ја исклучуваат можноста истата судбина да ги зафати и останатите делови од Британија па и Лондон.

„До крајот на оваа недела речиси е извесно дека големо количество снег ќе падне во Велс, во јужниот дел на Лондон и централните делови на Англија. Снегот секако ќе создаде проблеми, но не како оние кои граѓаните ги имаа во зима. За сега не е познато каква ќе биде зимата, истакна метеоролот Џејмс Меден, додавајќи дека во оние краишта каде нема да падне снег, ќе врне обилен дожд.

За некои седум дена, се очекуваат обилни врнежи, а исто така има лоши вести и за љубителите на празникот „Ноќ на вештерктие“ – 31 октомври ќе биде најстуден во последните 100 години.

-Се очекува на 31 октомври снего да се засили, а температурата да се спушти на -7 степени Целзиусови. Тоа е незапаметено во последните 100 години, зошто последн пат, последниот ден на октомври беше најстуден во 1926 година, кога се измерени дури -10 степени Целзиусови, додава тој.

Ноември на тлото на Британија ќе биде значително постуден од овој месец, и врнежите ќе бидат со посиле интензитет.

Она што треба да не загрижи е што студениот бран од Велика Британија може да се прошири и на останатите делови од Европа, па и на Балканот.

Начелно, првичната временска прогноза говори дека снег на овие простори нема да има до декември, но не се исклучува дека циклонот кој ќе донесе студ и врнежи лесно ќе се прошири и на останатите делови од континентот

 

Коментирај