Со поддршката на граѓаните ќе победиме и на овие избори, и ќе продолжиме по патот на успехот и развојот на општина Зрновци

0
709

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Блаже Станков

Почитувани граѓани на општина Зрновци, почитувани пријатели!

Се наоѓаме на прагот на локални избори и можност граѓаните давајќи го својот глас да ја креираат својата иднина. Секој од вас, ја има можноста за избор. Токму од вашата одлука ќе зависи за каква иднина ќе се решите и во какво место сакате да живеете. Јас знам дека го посакувате најдоброто. Затоа сум убеден дека мнозинството граѓани знае да ја направи разликата помеѓу вредни и посветени луѓе кои имаат реални ветувања и држат до зборот од една страна и ветувањата на моите против кандидати, кои ветуваат се и сешто, па на крај нема да има ништо. Но јас и мојот тим, заедно со Вас граѓаните ќе победиме и на овие избори, и ќе продолжиме по патот на успехот и развојот на општина Зрновци.

Големиот број на реализирани проекти во изминатите години, верувам дека ќе ве насочат да го најдете одговорот при носење на одлуката при изборот на кандидат за градоначалник и понудената листа на кандидати за Совет на општина Зрновци.

И во новата програма можете да очекувате нешто на што бевте сведоци во изминатиот период, за време на нашата работа, прецизност, посветеност и доследност во исполнувањето на ветувањата, конкретни проекти, конкретни мерки и рокови на реализација на проектите.

Не чека голема работа, но ние знаеме да работиме, да работиме чесно, посветено, одлучно и одговорно. Во изборната програма следат проекти, следи уште поголемо забрзување на напредокот, следи работа, следи голема волја, следи лојалност кон Вас граѓаните, следи развој и напредок.

Почитувани граѓани на општина Зрновци,

Ми претставува чест и задоволство во продолжение да ви претставам дел од нашите приоритетни проекти за периодот 2017 – 2021 год:

•Реконструкција на секундарната водоводна мрежа во с. Зрновци.

•Изградба на уште еден резервоар за вода во с. Зрновци.

•Изградба на бунари за вода преку дупчење на 3 бушотини во атарот на с. Зрновци со цел обезбедување на чиста и здрава вода за пиење.

•Изградба на бунар за вода преку дупчење на 1 бушотина во с. Видовиште.

•Изградба на локален полски пат од Фудбалското игралиште во Зрновци до М.В „Малеово“.

•Изградба на локален полски пат во с.Видовиште од М.В. „Гумења“ до М.В.„Друмот“.

•Изградба на локален полски пат од с. Зрновци до М.В.„Подлески“.

•Пробивање, тампонирање, планирање и валирање по еден централен полски пат во  секое населено место.

•Бетонирање на земјените вади во атарот на с. Зрновци и тоа: „Морошка вада“, „Кочанска вада“, „Вадата на Лесковски пат“, „Бабареа вада“, „Убаво поле“ и „Пеливорска вада“.

•Целосна реконструкција на домот на културата во с .Видовиште.

•Промена на кровната конструкција на домот на културата во с. Мородвис.

•Изградба на пат до археолошкиот локалитет „Манастириште“ во с. Мородвис.

•Изградба на едно кошаркарско игралиште во горниот дел од с. Зрновци.

•Изградба на фитнес зона на отворено во с. Зрновци

•Реконструкција на дел од канализационата мрежа во Зрновци и доизградба до секое семејство.

•Изградба на мини плоштад на самиот триаголник каде се спојуваат улиците: „Скопска“ и „Генерал Апостолски“.

•Осветлување и поставување на урбана опрема покрај кејот на реката Зрновка.

•Модернизација на уличното осветлување во општината.

•Изградба на 5 бетонски каскади по течението на реката Зрновка, поагајќи од ХЕЦ Зрновка па се до првиот мост на реката Зрновка.

•Оплеменување на природните пештери по кањонот на реката Зрновка.

•Изградба на велосипедска патека покрај реката Зрновка од ХЕЦ Зрновка до „Герова пештера“.

•Изградба на 2 моста за моторни возила на Видовишка река.

•Изградба на еден мост за моторни возила на реката Зрновка.

•Проширување и изградба на тротоари на влезот од локалниот пат Зрновци – Грдовци.

Почитувани сограѓани,

Како кандидат за Градоначалник, со докажаното одговорно и домаќинско работење, но и со Вашата поддршка можеме да ги реализираме горенаведените проекти.

Коментирај