Поддршка од Индира Кастратовиќ: Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина!

0
647

Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина !, порача вечерва легендарната македонска ракометарка Индира Кастратовиќ изразувајќи поддршка „За Заедничка Македонија“.

-Македонија навиваше за нас! Сега ние навиваме за заедничка Македонија! Сум изиграла стотици натпревари со македонското знаме и грб на мојот дрес. Со колешките од репрезентацијата сме оставале срце на терен. Сме гинеле за секоја топка, за секој гол. Сме гинеле затоа што сме ја сакале и почитувале нашата Македонија.  Доста веќе не делат и не вртат едни против други. Македонија е една и единствена. Таква и ќе ја оставиме на нашите деца и внуци.  Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина!, напиша Кастратовиќ.

Коментирај