Подарете мартинка – започнува македонскиот месец Ксантика

0
1895

Пролетта почнува со месецот Ксантика.Тоа е прастаро име за денешниот месец Март во Македонија.Тоа ја отсликува поврзаноста на човекот со природата, со полодородието, со обновување на раѓањето. Во пролет денот се зголемува со повеќе сонце, светлина и радост, се разбудува природата од студените зимски денови со свелтината, духовното прочистување, накитени поворки со песни и ора ги почнуваат пролетните прослави.

martinkaПоради тоа, во чест на месецот март односно Баба Марта, која во народот е позната како предвесник на пролетта, во Македонија останала традицијата на носење црвено-бели мартинки направени од конец, кои се ставаат на рака, во косата или како брош и се носат за среќа.

Изработката и подарување мартинки на најблиските е традиција која во Македонија се почитува уште од времето на Александар Македонски. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се подаруваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката.

Генерално, мартинките секогаш се прават од конци со црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени. Белата боја од конецот се сметала за чистота и искреност, а црвената за симбол на светлина и љубов. Традиционалната мартинка се носи на левата рака или на облеката сè додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на дрво со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски. Во некои пак краеви на Македонија кога ќе се здогледа првата ластовица се вади мартинката и веднаш се става под првиот бел камен.

Покрај Македонија, оваа традиција, исто така, се почитува и во соседна Бугарија (мартеница) и во Романија (мартисор).

Коментирај