Почнаа протестите пред седиштето на ДУИ, се очекува да дојде и братот на Ел Чека

0
409

Започна најавениот протест пред седиштето на ДУИ во Тетово. На протестите, според најавите, ќе биде и братот на Ел Чека, лицето кое ги објавува таканаречените „бомби“ кои се во врска со функционерите на ДУИ.

Тетова сот јавува дека тие што ќе протестираат се очекува денеска да го изразат нивниот револт и да бараат заминување на ДУИ од Тетово. Протетсите пристигнуваат по навредите што високи функционери на оваа партија ги насочија на адреса на тетовчани.

Во близина на ДУИ се забележува голем број на полициски сили.

Извор:Република.мк

Коментирај