Почна чистката во НБА лигата – Сакраменто, Кливленд и Мемфис останаа без тренери!

0
195

По завршување на регуларната сезона во НБА лигата, почна чистката на неуспешните тренери.

Па така тимовите на Сакраменто, Мемфис и Кливленд останаа без тренери откако актуелните добија отказ по неуспешната сезона.

Џеј Би Бикерстаф е разрешен од тренерското место во Мемфис кој дојде по отпуштањето на Дејвид Фицдејл во ноември 2017 година.

Мемфис заврши на 12. место на Западната конференција и не успеа да влезе во плејофот. Тоа беше пресудно менаџментот на клубот да се одлучи за разделба со тренерот.

Сакраменто во финишот на сезоната го изгубија местото во плејофот. Цехот го плати тренерот Дејв Јајгер, кој на почетокот на сезоната седна на клупата на тимот од Калифорнија.

Кливленд пак му врачи отказ на 61-годишниот Лери Дру, кој лани во ноември го презеде тимот, а сезоната ја заврши со 19 победи и 63 порази.

Коментирај