Почна битката за Нејмар – ПСЖ не го сака повеќе, Реал и Барселона во војна!

0
71

Француските медиуми утрово пренесуваат дека Барселона и ПСЖ денеска ќе одржат клучни преговори околу трансферот на Нејмар.

Претставници на Барселона на чело со Ерик Абидал утрово отпатувале во Париз, а „Мундо Депортиво“ објави фотографија од авионот на која се гледа дека Абидал и друштвото тргнаа по Нејмар.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека преговорите напредувале, но не откри со кој клуб, а сега станува јасно дека тоа е Барселона.

ПСЖ сака за Нејмар да добие 200 милиони евра, сепак тешко е да се верува дека тоа ќе се случи. Од Барселона сакаат да вклучат еден играч и се очекува тоа да биде Фелипе Кутињо.

„Ле Присиен“ пренесува дека Абидал на преговори заминал со понуда од 60 милиони евра плус Кутињо, а тоа веројатно нема да биде доволно да се убеди ПСЖ.

Се очекува ПСЖ и Барселона денес да го одржат клучниот разговор во кој би требало да се знае дали Нејмар ќе се врати на „Ноу Камп“.

Според последните информации и Меси се вклучил во трансферот на Нејмар, а ПСЖ веќе ги отстранил сите обележја на бразилецот од клубската продавница.

Реал пак се насочи кон Нејмар, откако не успеа со трансферот на фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Се шпекулира дека враќањето на Нејмар во Барселона во овој трансфер прозорец е малку веројатно поради неподготвеноста на Каталонците да потрошат многу пари.

Нејмар се пресели во ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.

Тој не е среќен во Париз и сака да се врати во Шпанија.

Коментирај