Почина „Моторетката“ – најстариот фудбалер во Македонија

0
217

Денес, на 100-годишна возраст почина Илија Николов – Моторетката, некогашен фудбалер на ФК „Беласица“.

Својата кариера во Беласица ја завршил далечната 1953 година, а Струмица ќе го памети и по својот прекар – Моторетката, бидејќи најчесто бил среќаван како трча по фудбалските терени.

Фотографија од 21 септември 2018 година, кога Моторетката прослави својот 100-ти роденден
Фотографија од 21 септември 2018 година, кога Моторетката прослави својот 100-ти роденден

И Фан клубот на Белкасица од Струмица преку Фејсбук објава ја соопшти оваа жална вест: „Денес од овој свет не напушти најстариот играч на ФК Беласица, легенда која беше единствена што има повеќе години од самата Беласица, Илија Николов Маторетката.

Утре толку многу причини да сме на Младост, да помогнеме на Томе во неговата битка и да бидеме хумани, да одадеме почит и последен поздрав за една од легендите на Беласица , а воедно и да го бодриме клубот во битката за опстанок и обезбедување на бараж, за инат на сите душмани.

ФК Беласица – ФК Македонија Ѓорче Петров, повеќе од само еден обичен натпревар“

Коментирај