По стапките на татко му – Синот на Роналдо ја доби првата понуда од овој клуб!

0
148

Синот на Кристиано Роналдо тргнува по неговите стапки.

Кристиано Жуниор засега прикажува фантастични настапи во младинските категории на Јувентус, а сега ја доби и првата понуда и тоа од клубот кој фудбалот му го подари неговиот татко.

Спортинг Лисабон испратил понуда и сака во своите младински категории да го доведе синот на Роналдо.

Спортинг е клуб кој важи за добро место за младите фудбалери, тоа сигурно го знае и Роналдо.

Сега останува да се види дали Роналдо ќе го пушти својот син да се развива во Португалија или пак ќе продолжи да се развива заедно со него во Јувентус.

Според некои видеа и статистики кои се појавија на социјалните мрежи синот на Роналдо е еден од најдобрите во неговата генерација и поради тоа можеби и Јувентус ќе вложи напор да го задржи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор: sportski.mk

Коментирај