По сознанието дека УБК прислушкувало од стан, Ременски бара да се прошири одговорноста

0
333

Откако се дозна дека УБК прислушкувала и од стан во висококатница кај железничка, а не само од сопствените канцеларии, потпретседателката на Собранието Фросина Ременски во фејсбук статус реагираше дека одговорноста не се бара соодветно на новите сознанија. Според неа, свиркачите веќе направиле многу, но општеството има проблем ако чека сѐ да ни кажат тие.

–За жал, најрелевантните и најиндикативните изјави дадени на Суд од страна на Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски се само медиумски популарни, а одговорност не се бара/проширува врз основа на нови сознанија. Зарем ова не е доволен мотив за истражните органи, фактот што зградата на УБК очигледно не била единствената локација за незаконското следење на комуникациите. Зарем не е уригентно прашањето, дали има уште или каде се илегалните гнезда на злоупотребите; Каде се има кабелчиња, кабли, доводи и одводи од системите и базите кој некој ги приватизирал и злоупотребил? Ако чекаме да ни кажат свиркачите (што и така многу направија) имаме проблем, напиша Ременски.

Извор:Лидер

Коментирај